☆☆ Го земав вашето место ☆☆

Share Button

Еден ден, еден човек отиде да посети една црква, Тој стигна таму рано, ја паркира својата кола и излезе. Друга кола пристигна во близина и возачот излезе од неа и рече: „ Јас секогаш паркирам тука! Вие ми го земавте местото!“
Посетителот влезе во црквата, пронајде празно место и седна. Една млада жена од црквата му се приближи и му рече : „Тоа е моето место! Вие го земавте моето место! Посетителот малку се вознемири од ова непријатно добредојде, но не рече ништо.
По паузата ,пред богослужбата ,посетителот влезе во црквата и седна повторно. Друг член му се приближи и му рече : „Таму јас секогаш седам! Вие ми го земавте местото!“
Подоцна заедницата се молеше Исус да престојува меќу нив, посетителот стана,и неговата појава почна да се менува.Ужасните лузни станаа видливи на неговите раце и на неговите нозе.
Еден од заедницата го забележа и извика : „ Што ти се случило тебе?“
Посетителот одговори,додека неговата капа стана круна од трње,и солза потече од неговите очи,: „ Го земав вашето место ..“

Напишете коментар