Боки 13 ќе му најде дом на готвачот Антонио

Share Button

По вчерашната објава за Антонио Јанковски, познатиот македонски готвач кој боледува од карцином, и веста дека мора да ја напушти куќата во која живее, Бојан Јовановски, претседателот на Меѓународен сојуз – Скопје, јавно рече дека ќе му помогне. Во јавноста познат како Боки 13, на својот фејсбук-профил напиша дека проблемот на Антонио ќе биде решен.

„Денес нашата јавност беше потресена од приказната на овој млад човек. Сакам да ја информирам јавноста дека случајот со Антонио ќе биде решен и тој нема да остане на улица. Антонио ќе биде целосно згрижен и ќе му се обезбедат сите потребни услови да продолжи со својот живот и да се избори со болеста“, напиша Бојан Јовановски.

Антонио вчера откри дека поминува низ голгота. Од битката со ракот, распадот на бракот, тешкото детство, а сега веќе нема ни свој дом.

Напишете коментар