Колкави службени трошоци направиле во изминатите шест месеци јавно ќе треба да објават министрите и генералниот секретар на Владата

Share Button

Министрите, нивните заменици, државните секретари и генералниот секретар на Владата јавно ќе треба да ги објават службените трошоци што ги направиле во изминатите шест месеци, одлучи денеска Владата.

„Во согласност со начелото на Владата за транспарентно и отчетно трошење на државните средства, на денешната седница се донесе одлука со која се задолжија министрите, замениците на министрите, државните секретари и генералниот секретар да достават информации за службените трошоци направени во рамките на предвидениот буџет во првите шест месеци од преземањето на функциите“, соопшти Владата.

Од таму наведуваат дека праксата да се доставуваат службените трошоци во блиска иднина ќе се однесува и на сите други носители на јавни функции.

Со оваа одлука Владата го задолжи Секторот за односи со јавност да изработи софтверско решение за прикажување и визуализација на службените трошоци и тоа да го стави на официјалната веб-страница на Владата.

уредник

Related Posts

Беден живот во мизерен дом живее семејството Петрушевски од скопски Чаир

Коментарите се исклучени на Беден живот во мизерен дом живее семејството Петрушевски од скопски Чаир

Create Account

Log In Your Account