Вреќи дрога најде МВР при претрес во Кичевско село

Вреќи дрога најде МВР при претрес во Кичевско село

Вреќи дрога најде МВР при претрес во Кичевско село

Share Button

Во текот на вчерашниот ден (12.12.) полициски службеници од Полициската станица Кичево во содејство со припадници од криминалистичката полиција од Охриди од Единицата за недозволена трговија со дрога при Министерството за внатрешни работи, по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на  Судска наредба, извршија претрес во домовите на лицата А.А. (45) и Е.А.(47), двајцата од с. Аранѓел, кичевско.

При претресот беа пронајдени вкупно околу 30 килограми растителна тревкаста материја (марихуана). Имено, во приземните простории на куќата сопственост на А.А. биле пронајдени три најлонски кеси во кои имало три големи пакувања – црни најлонски вреќи завиткани со селотејп трака, додека во спалната соба  во куќата на Е.А. била пронајдена една црна најлонска кеса полна со зелена растителна материја.

Пронајдените предмети биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, додека А.А. и Е.А. се лишени од слобода. По целосно документирање на случајот, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет  на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

уредник

Related Posts

Уапсен педофил во Битола

Коментарите се исклучени на Уапсен педофил во Битола

Арачиновец пукал во несудениот зет поради раскинување на веридбата со ќерка му

Коментарите се исклучени на Арачиновец пукал во несудениот зет поради раскинување на веридбата со ќерка му

Масовна тепачка пред виничко Јакимово. Двајца се во болница

Коментарите се исклучени на Масовна тепачка пред виничко Јакимово. Двајца се во болница

16 годишно девојче од Скопје исчезна

Коментарите се исклучени на 16 годишно девојче од Скопје исчезна

Повреден полицаец синоќа во Тетово додека приведувал лице барано за убиство

Коментарите се исклучени на Повреден полицаец синоќа во Тетово додека приведувал лице барано за убиство

Create Account



Log In Your Account