Македонската поп естрада ја испеа божикната песна „Вечниот Бог“

Македонската поп естрада ја испеа божикната песна „Вечниот Бог“

Share Button

Пејачи од македонската поп естрада во пресрет на Бадник и Божик се здружија и направија освежена верзија на една од најпознатите божикни песни во православниот свет „Вечниот Бог“.

Освен Елена Ристеска, Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и Некст тајм, кои втор пат се вклучени во проектот инициран од Бигорскиот манастир што има за цел да внесе празнична атмосфера на љубов и радост во секој дом, оваа година музичкиот дел од екипата со име „Бадникови поворки“ е засилена и со Даниел Кајмакоски, Викторија Лоба, Влатко Лозаноски, како и „Златните славејчиња“, кои на 6-ти јанари ќе ги предводат Бадниковите поворки низ цела Македонија.

Песната е снимена во студиото „Алшар“ на Ивица Јанкуловски, а аранжманот е дело на Владимир Димовски, а видео спотот е веќе во подготовка. Ова музичко дело, најмногу ќе им помогне на децата – коледарчиња, со леснотија да ја научат божикната песна која низ стихови го пренесува настанот на Христовото раѓање.

уредник

Related Posts

Загатка за генијалци

Коментарите се исклучени на Загатка за генијалци

(фото)Денес, Св. Богородица – Трново Битолско

Коментарите се исклучени на (фото)Денес, Св. Богородица – Трново Битолско

Create Account



Log In Your Account