Судот ги донесе двете камери во судница ама не му одговарале на Талески

Судот ги донесе двете камери во судница ама не му одговарале на Талески

Share Button

Двете камери кои за време на паузата беа поставени во судница не биле според АКМИС, не биле во согласност со законот и не биле соодветни на правата кои ги имал обвинетиот Владимир Талески и останатите обвинети во „Транспортер“, реагираше одбраната.

Димитар Дангов, адвокат на Талески на судијката ѝ предложи да размисли, да најде решение и да обезбеди услови за соодветно снимање на судењето. Прво беше побарано да се снима судењето, па откако се донесоа камерите во судница , адвокатите приговараат дека условите за снимање се несоодветни, односно дека треба да се снима судењето, а во исто време, наместо да се диктира, автоматски да се запишува сѐ.

Веќе два часа во судница адвокатите се обидуваат да го одложат судењето со барање за снимање и спроведување на одредбите од Законот за кривична постапка, кои се во сила веќе 4 години. Адвокатот Дангов ја упати судијката Петровска, по примерот на судијката Татјана Михајлова која му суди на Никола Груевски , да се обрати до повисоките судски инстанци и да се најде соодветен простор и услови во друг суд во Република Македонија каде што може да се обезбеди соодветно снимање.

Обвинителот на СЈО Трајче Пеливанов рече дека со поставените камери и водењето на записник со дактилограф се обезбедени услови и не се во спротивност со правата на обвинетите.

Адвокатите посочија дека во Основниот суд Скопје 2 кој е веднаш до Кривичниот суд постојат услови за снимање на судски процес. Пеливанов возврати дека гласно ќе ги праша адвокатите за квалитетот на досегашната одбрана на нивните клиенти во други предмети каде постапките не се снимале и дали во овие предмети треба да реагира Адвокатската комора. И обвинителот Љубомир Лапе ги праша адвокатите дали до сега во период од 4 години приговарале за вакво нешто во други предмети и дали постапиле спротивно на Кодексот на адвокатската етика.

Судијката Петровска ги одби предлозите на адвокатите и одлучи судењето да се одржи.

уредник

Related Posts

Протест на редакцијата на ОХРИД СКАЈ.Заев, твоите аздисаа,ќе треба да ги ставиш на ѕидот на срамот

Коментарите се исклучени на Протест на редакцијата на ОХРИД СКАЈ.Заев, твоите аздисаа,ќе треба да ги ставиш на ѕидот на срамот

Битолчани во акција ги заштитуваат младите дрвца кај Градскиот парк

Коментарите се исклучени на Битолчани во акција ги заштитуваат младите дрвца кај Градскиот парк

Create Account



Log In Your Account