Дали луѓето како средство за остварување на своите цели ја употребуваат лагата?

Share Button

И да не се лажеме, денеска лагата како да е во мода, во тренд.Лагата стана напредна, таа е вешта нашминката , дотерана, лукава и привлечна. Лагата е во тренд и стана средство преку кое луѓето си ги остваруваат своите цели. Но, не сите луѓе, затоа што постојат луќе кои не ги бидува  да излажат ,е таквите личности малку потешко успеваат .

Денес употребата на лагата стана стил и начин на живот, несвесно прифатено однесување, дел од секојдневниот живот, ноторна активност.Најтешко е да живееме со сознанијата дека за некои  луѓе посегнуваат по неа на најбескрупулозен начин и без никаква грижа на совест.

Зошто во животот ни е полесно да се служиме со лагата отколку со вистината? А вистината е далеку поедноставна од лагата. Вистината е таква каква што е (ништо не треба да и се одзема или додава и кај неа нема заобиколувања), а лагата е измислена конструкција, комплицирана, извртена, завиена.

Која е тенката нишка која што не дели и наведува да го преминеме прагот од искреноста кон неискреноста? Која е потребата и внатрешниот порив да го избереме чесниот од нечесниот пат? Зошто после секој кажан збор да не се чувствуваме чисто, туку валкано?

Само тогаш кога ќе сфатиме дека сите ние придонесуваме буквално во секој сегмент на космополитските случувања, во тој момент вистината ќе стане наша азбука.

Одговорот на сите овие прашања е: – Од себични цели. Но вистината има своја вечна доблест секој кога тогаш ќе се соочи

И колку и да одложува тој нужно мора да се соочи со неа.

Вистината може да се заобиколува, потиска, занемарува, изобличува, да се крие. Но што и да и се прави таа е вистина и секогаш останува како таква да постои. Излегува на површина колку и да биде потиснувана. Колку и да биде заобиколувана таа бавно, но сигурно секогаш доаѓа како нем сведок да постои и лебди во реалноста наречена живот. Колку и да се крие повторно се открива врз основа на некој чудесен космички закон кај кој нема компромиси како што има кај луѓето.

Вистината е светост, светлина, чистота. Секој кој што ја употребува се чувствува чисто, за разлика од користењето на нејзината спротивност која кај личноста предизвикува непријатно чувство, проследено со се поголеми заплети кои наликуваат на пајакова мрежа. Затоа што една лага со себе потегнува и друга лага.

Вистината е вечна, непроменлива, едноставна. Вистината е вредност, вистината е доблест. Вистината е единствен начин за да не си ја извалкаме  и повредиме својата душа, единствен начин да не си го искривуваме справедливиот пат по кој треба да чекориме, единствениот начин со кој нема да си го скршиме својот дух, единствен начин со кој нема да предизвикаме криза на нашиот идентитет.

Вистината не е опција вистината е нужност. Затоа што сите патишта водат кон неа. А ние само ќе го потрошиме своето време доколку одиме по заобиколени патишта, затоа што сепак еден ден ќе треба повторно да се вратиме по патеката на нужноста.

С.Анеска

Напишете коментар