Вечерва најзагаден воздух во Велес таму и во Тетово високо загадување а во Битола вечерва загаденоста на воздухот е средна

Воздухот во Велес вечерва е најзагаден, а зад него е Тетово.

Податоците од мерните станици на Министерството за животна средина покажуваат дека многу високо загаден е Велес, а високо загадено е Тетово.

Средно загадени се Кавадарци, Битола, Кочани и делови од Скопје.

Ниско загаден е воздухот во Куманово, Кичево и Дебар.

Според апликацијата Мојвоздух во Велес има присуство на 141 ПМ честички на 100 микограми.

Во сите други градови концентрацијата на ПМ честички е помала.

Денеска во Скопје имаше протест поради аерозагадувањето.

Напишете коментар