Ете ти мајка!

Share Button

При Крстот Исусов стоеја мајка Му Негова и сестрата на мајка Му, Марија Клеопова, и Марија Магдалина. А Исус, штом ја виде мајка Си, и ученикот, кого го љубеше, како стои, ѝ рече на мајка Си: „Жено, ете ти син!” Потоа му рече на ученикот: „Ете ти Мајка!” И од тој час ученикот ја зеде при себе. Јн. 19, 25-27 Свети Јован, ученикот кого Христос го љубеше, имал дом, и мајка, како што човек може да има дом и мајка. Тоа била Саломија, зеведеевата жена, која била жива, но и присутна при крстот (Мк. 15, 40). Младиот Јован сѐ уште живеел во домот на неговите родители. Но, Господ на Јован му ја доверува мајка Си. При Крстот Богородица станува јованова мајка на духовен начин; Таа е повикана да го воспитува, да го заштити и да се грижи за него преку Нејзиното мајчинско присуство, водење и непрестајни молитви. И на тој начин, според светоотечкото очење, Таа ни станува мајка и на сите нам. И тоа што му се вели на Јован, ни се вели на сите нам: „Ете ти мајка!“

Од денес, кога започнува Богородичниот пост, додека се подготвуваме со радосна тага да го прославиме Успението на нашата Богородица која постојано се моли за нас, да ѝ отвориме за да влезе во нашиот „дом“. И секогаш да пребиваме во близина на Мајката на Животот, Која на нашиот крстоносен пат никогаш нема да нѐ напушти, па дури и при Нејзиното Успение.

Сестра Васа Ларин

уредник

Related Posts

Утре го празнуваме Светиот маченик Трифун

Коментарите се исклучени на Утре го празнуваме Светиот маченик Трифун

Бог се јави!!! Храмови, Пресвета Богородица и св Димитриј – Битола (фото)

Коментарите се исклучени на Бог се јави!!! Храмови, Пресвета Богородица и св Димитриј – Битола (фото)

Create Account



Log In Your Account