НАЈНОВО :

Зимскиот распуст за учениците ќе започне порано?!

Зимскиот распуст за учениците ќе започне порано?!

Зимскиот распуст за учениците ќе започне порано?!

Share Button

Министерството за образование не ја исклучува можноста зимскиот распуст да започне порано поради загаденоста на воздухот, објавува факултети.мк.

– Ако се утврди потребата, ќе размислиме за предвремено почнување на зимскиот распуст. Сепак, секој прекин на наставата мора да биде надоместен. Така, доколку зимскиот распуст почне порано, неработните денови би морале да се одработат и учебната година би завршила подоцна од 10 јуни. Или учениците би одработувале викенди во текот на второто полугодие затоа што вкупниот фонд на наставни денови мора да биде 180 за да се реализира фондот на предвидени часови –  велат од МОН.

Од Министерството сепак не го поддржуваат бојкотот на наставата најавен за в среда.

– Поддршка на иницијатива за бојкот на настава не можеме да дадеме од проста причина што тоа е на штета на наставниот процес. Сепак, Законот предвидува дека училиштето ќе мора да изнајде начини за да го реализира фондот на предвидени часови по соодветните наставни предмети, како и вкупниот број 180 наставни денa – велат од Министерството за образование

уредник

Related Posts

Состојбата по врнежите од дожд

Коментарите се исклучени на Состојбата по врнежите од дожд

Адвокатите на обвинетите бараа, судијката не дозволи одложување на „Транспортер“

Коментарите се исклучени на Адвокатите на обвинетите бараа, судијката не дозволи одложување на „Транспортер“

Еве кој си го сака градот, викенд е ама тој е на терен.Ова е градоначалник!

Коментарите се исклучени на Еве кој си го сака градот, викенд е ама тој е на терен.Ова е градоначалник!

Од утре затоплување, дожд и снег само на планините

Коментарите се исклучени на Од утре затоплување, дожд и снег само на планините

Create Account



Log In Your Account