Општина Прилеп го “УБИВА” новинарството-реакција од ТВ “Канал Визија”?!”

Share Button

“Во текот на вчерашниот ден, поголем број од новинарите и медиумите од Прилеп како и регионот добија барање од страна на „ПР стратегот“ на Општина Прилеп за доставување на листа на новинари кои ќе бидат акредитирани за следење на работата на општината. Но поголема вознемиреност и напнатост на медиумите се створи после најавата дека самата општина ќе оценува кои новинари и медиумски куќи се професионални и способни за следење на нивната работа а кои не. Збунети и крајно изреволтирани поголем број од новинарите се самоорганизираа и доставија протест до здружението на новинари на Македонија со кои бараат да му се објасни која е таа институција или „способно лице“ кои ќе биде задолжено за проверка на стручноста и професионалноста на новинарите и медиумите, и дали е законски една општина да проверува кои новинари и медиумски куќи се регистрирани а кои не за вршење на новинарска дејност.
Со овој потег новинарите сметаат дека се нарушува демократијата и транспарентното известување на општината а воедно и ја осудуваат секоја селекција или дескриминација на одредени новинари и медиумски куќи”, стои во објавата на регионалната телевизија “Канал Визија” на Фејсбук.

app-facebook
KanalVizija

пред 6 часа

ОПШТИНА ПРИЛЕП НАЈАВИ ЦЕНЗУРА НА „НЕПРОФЕСИОНАЛНИТЕ“ МЕДИУМИ
Во текот на вчерашниот ден, поголем број од новинарите и медиумите од Прилеп како и регионот добија барање од страна на „ПР стратегот“ на Општина Прилеп за доставување на листа на новинари кои ќе бидат акредитирани за следење на работата на општината. Но поголема вознемиреност и напнатост на медиумите се створи после најавата дека самата општина ќе оценува кои новинари и медиумски куќи се професионални и способни за

Види повеќе

извор Маркукуле.мк

Напишете коментар