Пријава во СВР Битола за инцидент помеѓу инспектори и полицаец

Пријава во СВР Битола за инцидент помеѓу инспектори и полицаец

Пријава во СВР Битола за инцидент помеѓу инспектори и полицаец

Share Button

На ден 15.12.2017 година во 23.30 часот полицискиот службеник И.Д. полицаец во ПС ОН Битола во СВР Битола пријави дека истиот ден околу 21.45 часот на крстосница од ул. „Партизанска“ и ул. „Методија Андонов Ченто“ во Битола управувајќи го сопственото ПМВ Ауди бил сопрен од полициските службеници Б.Б. и А.Ј. од ОКП при СВР Битола кои со приватно ПМВ Цитроен вршеле службени дејствија. Откако претходно возеле позади него и му давале светлосен знак да сопре, во моментот кога на крстосницата во намерата да сврти лево бил сопрен од истите со попречување на патот. При тоа во обид да им се легитимира на инспекторите кои лично ги познавал и се обидувал да им се претстави дека и тој е полициски службеник , инспекторот В.Б. го извлекол од неговото возило, укажувајќи му дека во моментот извршуваат службени дејствија по одредена акција истиот го оттурнал кон возилото и, според пријавеното, го удрил. Веднаш после тоа го напуштиле местото на настанот и се упатиле во непознат правец. Полицаецот И.Д. настанот го пријавил во СВР Битола за што приложил и медицинска документација за повредите за сторено кривично дело „Малтретирање во вршење на службени дејствија“ Додека инспекторите В.Б. и А.Ј. во 01.30 часот во СВР Битола пријавиле кривично дело „Спречување на службено лице во вршење на службени дејстија“ за истиот настан со појаснување дека додека се упатувале кон местото каде требало да постапуваат за друг настан , истите биле најпрво попречувани да го престигнат возилото ПМВ Ауди , а потоа им бил попречен патот кај споменатата крстосница. Откако му се легитимирале на возачот кој им соопштил дека и тој е полициски службеник, јасно му укажале дека се на службена задача и дека ги спречува во акција која е во тек. Освен вербалната комуникација истите го негираат нападот кој го пријавил полицаецот И.Д. За настанот на ден 15.12.2017 година во 23.50 часот известен е Јавен обвинител од Битола и Одделот за внатрешна контрола,криминалистички работи и професионални стандарди Скопје.

извадок од дневен билтен на МВР(веб страница)

уредник

Related Posts

Во полициска акција во Струга разбиена е криминална мрежа за дистрибуција на дрога

Коментарите се исклучени на Во полициска акција во Струга разбиена е криминална мрежа за дистрибуција на дрога

На Меџитлија со 38кг марихуана притворени тројца Албанци

Коментарите се исклучени на На Меџитлија со 38кг марихуана притворени тројца Албанци

Видео од запленетата марихуана во Кичево. МВР заплени 91 килограм марихуана

Коментарите се исклучени на Видео од запленетата марихуана во Кичево. МВР заплени 91 килограм марихуана

Create Account



Log In Your Account