Убиецот на 24 годишното момче од Чаир во бегство

Убиецот на 24 годишното момче од Чаир сеуште е во бегство. Полицијата трага по сторителот, а јавен обвинител дал наредба за обдукција на телото. На убиството кое се случи вчера попладне во Чаир претходела вербална расправија помеѓу сега починатиот и сторителот, велат од Основното јавното обвинителство.- јавува 24vesti.com.mk

Во полицискиот билтен пишува дека на улицата „Џон Кенеди“ пред угостителски објект „Цирих“ вчера во 17:40 часот од возило во движење е пукано од огнено оружје кон 24 годишното момче од Скопје.

Сторителот откако пукал се дал во бегство. Момчето веднаш било пренесено во Ургентиот центар без знаци на живот, потврдија од Клиниката за трауматологија, ортопетски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и Ургентен центар. Му била извршена 45-минутна реанимација, но безуспешно.

Напишете коментар