Утре -13 степени

Share Button

Во петок во Македонија ледено утро со утрински температури од -13 до -4 степени.

Во текот на денот ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност, ветровито и малку потопло време со дневни температури кои што ќе достигнат до -2 односно до 8 степени.

Во сабота умерено облачно време со повремени сончеви периоди и малку потопло време со благ пораст на температурите. Минималните од -8 до 1 степени, додека пак максималните од -3 до 7 степени.

Во недела и понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност и студено време. Температурите ќе бидат во пораст но и понатаму ќе останат под повеќегодишниот просек за овој период од годината.

Утринските температури од -10 до -1 односно од -8 до 1 степени, додека пак максималните дневни ќе достигнат од -4 до 6 односно од 2 до 12 степени.

Во Скопје во петок претежно сончево време со појава на локална облачност и малку потопло време со дневна температура до 5 степени.

Во сабота зголемување на облачноста која што ќе услови потопло утро со температура од -2 степени, а во текот на денот умерено облачно време со повремени сончпеви периоди и температура до 4 степени.

Во недела и понеделник претежно сончево време со појава на локална облачност, со напомена дека во понеделник се очекуваат повеќе сончеви периоди.

Минималните температури од -10 до -1, односно од -8 до 1 степен додека пак максималните дневни температури од 2 до 12 степени.

Напишете коментар