„Од денеска сум пратеник од својата партија, Сојузот на Ромите и не сум веќе со ВМРО, вели Амди Бајрам

Share Button

Пратеникот од Сојузот на Роми, Амди Бајрам, за НОВА потврди дека од денеска во Собранието ќе делува како пратеник на Сојузот на Ромите и дека повеќе не е дел од коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Сепак Бајрам, кој е еден од пратениците со најдолг стаж во Собранието, не сака да коментира зошто прекинал да соработува со опозицијата.

„Од денеска сум пратеник од својата партија, Сојузот на Ромите и не сум веќе со ВМРО. Немам коментар зошто излегувам од коалицијата. Ќе гласам за се што е во интерес на македонските граѓани и за ромската заедница, без разлика од која партија доаѓаат предлозите“, вели Амди Бајрам за НОВА.

Одговарајќи на прашањето дали е можно да се приклучи во владејачкото мнозинство или во извршната власт, пратеникот Бајрам вели со никого не преговарал и дека ќе си остане пратеник кој ќе работи за доброто за Македонија и граѓаните.

Напишете коментар