Поскапуваат бензините и дизелот

Поскапуваат бензините и дизелот

Share Button

Од ноќеска на полноќ се зголемуваат малопродажните цени на бензините и на дизелот за половина денар, додека цената на екстра лесното масло за домаќинство се зголемува за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, новата цена на Еуросупер БС-95 ќе изнесува 66,50 денари, на Еуросупер БС-98 ќе изнесува 68 денари за литар, на Еуродизелот 55 денари и екстра лесното ќе се продава по 44 денари за литар.

Се зголемува и цената на мазутот, која ќе изнесува 28,6 денари за килограм.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 14 дена изнесуваше 64 долари за барел, а курсот на доларот изнесуваше 52,16 денари.

уредник

Related Posts

„Во Македонија на македонски“, извикуваат демонстранти пред Собранието

Коментарите се исклучени на „Во Македонија на македонски“, извикуваат демонстранти пред Собранието

13 годишно девојче трипати силувано: За 500 евра, таткото не можел да го докаже случајот

Коментарите се исклучени на 13 годишно девојче трипати силувано: За 500 евра, таткото не можел да го докаже случајот

Заев моли за трпение: потребно е време за да се променат работите, јас ви давам збор дека ќе успееме

Коментарите се исклучени на Заев моли за трпение: потребно е време за да се променат работите, јас ви давам збор дека ќе успееме

Create Account



Log In Your Account