Иванов:Законот за јазици ги доведува во прашање трајните интереси на Македонија и македонскиот народ

Иванов:Законот за јазици ги доведува во прашање трајните интереси на Македонија и македонскиот народ

Иванов:Законот за јазици ги доведува во прашање трајните интереси на Македонија и македонскиот народ

Share Button

Законот за јазици ги доведува во прашање трајните интереси на Македонија и македонскиот народ, рече претседателот Ѓорге Иванов во новогодишното обраќање до јавноста.

Тој од собраниската говорница порача дека барањето за двојазичност е апсолвирано во амандманот 5 од Уставот, односно во Рамковниот договор.

Го критикуваше и европското знаменце на предлог-законот. Како што рече Иванов, тоа се става на закони за кои постои европска директива којашто во овој случај ја нема, а Македонија со тоа што му ставила европско знаменце на законот ќе стане единствена европска држава која сама си поставува услови за членство во ЕУ.

– Оние кои тврдат дека предлог-законот е во согласност со Уставот и законите, ќе ги прашам: во согласност со чиј Устав и чии закони? Како Претседател во мојот Кабинет имав консултации со правни експерти, уставни судии, академици, универзитетски професори, лингвисти. По извршените консултации можам да кажам дека Законот за јазиците не претставува закана по македонскиот јазик. Тој претставува закана по унитарноста на државата. Овој предлог-закон го крши најголемиот закон на државата, а тоа е Уставот на Република Македонија – рече Иванов.

Во неговите оспорување на законот, тој го наведе и тоа што нема прецизна терминологија околу тоа што е официјален, што службен а што јазик во службена употреба, како и тоа дека законот е репресивен.

За прашања кои задираат во унитарниот карактер на државата, за прашања кои задираат во правата и надлежностите на системските закони, порача Иванов, мора да постои вистинска јавна дебата и најширок можен консензус.

 

уредник

Related Posts

Државното знаме се вее денеска на јарболот кај Спортската сала во Битола(фото)

Коментарите се исклучени на Државното знаме се вее денеска на јарболот кај Спортската сала во Битола(фото)

Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд

Коментарите се исклучени на Времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и повремени врнежи од дожд

Create Account



Log In Your Account