Нови вд. директори во ЈП “Пазари” Александар Касапов и КЈП “Нискоградба” во Битола,Менде Силјановски

Денес Градоначалникот на Општина Битола, Наташа Петровска ги именува Александар Касапов за ВД Директор на ЈП “Пазари” од Битола и Менде Силјановски за ВД Директор на КЈП “Нискоградба” од Битола.

Александар Касапов е претседател на општинската организација на ЛДП од Битола и поранешен советник во Советот на Општина Битола, со што веќе подолг период ја следи работата на ова Јавно претпријатие.

Менде Силјановски е дип. градежен инженер. Член е на Централниот одбор на ЛДП и долги години вработен во КЈП “Нискоградба” на позицијата шеф на припрема, со големи познавања од проблематиката на фирмата.

Напишете коментар