СДСМ без работа остави над 50-тина вработени во институциите под капата на Општина Битола

СДСМ без работа остави над 50-тина вработени во институциите под капата на Општина Битола

Share Button

Интегрален текст од прес конференција за медиуми на Дафина Јовановска Стојаноска

Почитувани,

СДСМ наместо живот за сите донесе беда за сите. Новите општински власти од СДСМ не отвораат, туку затвораат работни места.

СДСМ без работа остави над  50-тина вработени во институциите под капата на Општина Битола. 50- тина вработени во средните и основните училишта, градинките и другите институции се оставени без егзистенција. Тоа се 50 семејства, тоа се наши роднини, браќа и сестри. За кои нема живот туку беда.

Без работа пред Нова Година остануваат голем број на луѓе од различни делови на државата. Власта на СДСМ во Прилеп без работа остави 20 вработени во ЈП Водовод. 20 луѓе кои се грижеле за оддржување на водоводниот систем во општината сега се на улица.

Власта без работа остави 5 професори од средното училиште во Берово и 1 наставник од основното училиште во градот. 6 образовни работници останаа без работа, а децата во Берово без своите наставници.

Сите овие луѓе од Битола, Прилеп и Берово директно на своја кожа ја чувствуваат политиката на СДСМ за јадење на живи луѓе. И бркање од чистачка до министер.

Ова ли е животот кој го ветуваше СДСМ? Ова ли е еднаквоста и солидарноста?

СДСМ не го интересираат граѓаните. Начинот на кој се однесува власта покажува дека единствена цел им е ослободување на работни позиции, на кои подоцна треба да се вработат луѓе од СДСМ.

Граѓаните не треба повеќе да бидат жртва на власта. Власта мора да престане со праксата на бркање на луѓе од работа. Тоа се луѓе со фамилии, на голем дел од нив тоа им е основен извор на приход, плата од која ја прехрануваат целата фамилија.

Република Македонија не смее да биде заложник на теснопартиски апетити. Граѓаните мора да се ослободат од јаремот на страв кој го имаат од власта. Државата мора да биде еднаква за сите. Граѓаните заслужуваат демократија и владеење на правото.

уредник

Related Posts

Кривична пријава и притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари

Коментарите се исклучени на Кривична пријава и притвор за советникот на градоначалникот на Шуто Оризари

Македонија се труе во сопственото ѓубре, свињи од депонијата „Мегленци“ завршуваат на нечија трпеза!?

Коментарите се исклучени на Македонија се труе во сопственото ѓубре, свињи од депонијата „Мегленци“ завршуваат на нечија трпеза!?

Државата нема решение за болната амнестирана затвореничка од Струмица, затворот бара спас во манастир

Коментарите се исклучени на Државата нема решение за болната амнестирана затвореничка од Струмица, затворот бара спас во манастир

Create Account



Log In Your Account