Ако новогодишните забави се еднаш во годината, па зарем не е еднаш во годината и Божиќ, Рождеството Христово?

Ако новогодишните забави се еднаш во годината, па зарем не е еднаш во годината и Божиќ, Рождеството Христово?

Ако новогодишните забави се еднаш во годината, па зарем не е еднаш во годината и Божиќ, Рождеството Христово?

Share Button

ЗА ,,НЕВИНИТЕ” ИСКУШЕНИЈА ВО КОИ ЛЕСНО ПАЃАМЕ

Многумина се тие кои велат: јас верувам во Бога, јас сум Христијанин!
Но, бадијала не е речено ,, по делата ќе те познаам”

Време на пост! Како што Мојсеј 40 дена постеше и Бог му го даде словото (Десетте Божји заповеди) на камен запишани, така и за нас е одреден пост за Бог да ни Го даде Словото, но не на камен , туку овоплотено, родено од Дева. Постиме за во радост да го прославиме Раѓањето христово.

Но, како постиме или колку постиме ?
Во време на пост кафеаните, кафичи, дискотеки полни со луѓе. Дочеци на најлудата ноќ,
А колку се за жалење сите тие накитени дочеци, тешко е да се свати.

Започнуваат гламурозно со свеќи , тивка музика, црвен килим, дами скоцкани, штикла, шминка и фризура беспрекорни, џентлмени во одело со кравати…. и само после кратко време, маските се фрлаат….. започнува она вистинското, екстра турбо фолк, скара,алкохол, размачкана шминка, развлечени кравати … блуд и разврат……и ноќта завршува со ,,пијане будале” на токсикологија.

А тие кои го претпочитаат тој начин на живот, кога би ги прашале зошто така, тие одговараат дека еднаш во годината е таа ноќ, па да си угодиме малку на душичката (всушност, мислат на телото, зашто душата не е од овој свет и нејзе не и` е тоа угодно, но тие тоа не го знаат, зашто поради страстите, потребите на душата се потиснати позади потребите на телото).

Браќа и сестри, зарем не правеле така и жителите на Содом и Гомор?
А знаете ли што им се случи кога поради таквото однесување на себе го навлекоа гневот Божји?

Ако си служиме себе си, му служиме на мамона. Токму и заради тоа Бог ја направи таа разлика велејќи дека не може човек да му служи и на Бога и на Мамона. Не можеме да ја исполнуваме нашата волја и Божјата волја истовремено.
Ако новогодишните забави се еднаш во годината, па зарем не е еднаш во годината и Божиќ, Рождеството Христово, Оној за кого мудреците патуваа од Египет за да Му се поклонат и да му донесат дарови како на Цар.

Треба да се запрашаме колку време сме одвоиле за Оној кој не` создал, Оној кој не` чува и кој ни помага во се` и што исполнивме од Неговите заповеди.

Да внимаваме, браќа и сестри,да не Го гневиме Бога за да не биде доцна за покајание.

Православие мк

уредник

Related Posts

Мироточеa моштите на Свети Кипријан на неговиот празник

Коментарите се исклучени на Мироточеa моштите на Свети Кипријан на неговиот празник

Ексклузивна видео снимка:Πанаѓур пред црквата Св – Недела во Битола.1911г.

Коментарите се исклучени на Ексклузивна видео снимка:Πанаѓур пред црквата Св – Недела во Битола.1911г.

Мајката Божја на сон молела Београѓанец да ја врати иконата во Битола од каде што била украдена

Коментарите се исклучени на Мајката Божја на сон молела Београѓанец да ја врати иконата во Битола од каде што била украдена

Create Account



Log In Your Account