Дечињата -коледари , тоа се нашите ангели за Бога и за Бадник ,весници на радоста!Роденденска ноќ на нашиот Спасител

Share Button

Денот пред Божиќ е Бадник кој се смета за празник над празниците, ден кога верните го очекуваат Раѓањето Христосово

Традиционално дечињата – коледарчиња се нашите ангели за Бога и за Бадник, всушност тоа се нашите весници на радоста. Тоа е така затоа што дечињата од рано  утро не будат со песна.Тој ден рано наутро во секој дом се слуша детскиот глас преку песна како глас на Божјите ангели кои го најавуваат раѓањето на нашиот Спасител

Домаќините пак од секој дом даруваат награда за коледарската песничка на дечињата, се даруваат , ореви, костени, јаболка…но без разлика што даруваат на сечие лице тоа утро блеска милост и насмевка.Преку овие традиции тоа утро секој може да почувствува блискост до Бога но и до луѓето

На тој ден на Бадник всушност семејството претставува црква, , во секој дом запалено кандилце, молитва, се чувствува љубовта затоа што и Бог е љубов

Бадник е посен ден  и токму на тој ден завршуваат и Божикните пости.Се што тогаш е на домашната трпеза е принесено пред и на Бога

Бадник значи будност. Зборот Бадник доаѓа од старомакедонскиот збор Б’дник, Будник, што значи: Бдеење, Будност, Неспиење во ноќта спроти Божик. Будни заради очекувањето на Денот на Христовото раѓање.Таа ноќ убаво би било да се чита и Библијата, или настани поврзани со Христовото Раѓање. Во многу домови таа ноќ има и меѓусебни разговори токму за Раѓањето Христосово. Ноќта на Бадник исто така важно е да сме и духовно будни  затоа што тоа е и роденденската ноќ на нашиот Господ а потоа на Божиќ се поздравуваме со христијанскиот поздрав Христос се роди – Навистина се роди!

С.А

Напишете коментар