И како да славам во кафичи додека црквата до зори ни плаче празна… НА БОЖИК?

И како да славам во кафичи додека црквата до зори ни плаче празна… НА БОЖИК?

И како да славам во кафичи додека црквата до зори ни плаче празна… НА БОЖИК?

Share Button

Ме покани еден пријател на голема Божиќна забава – журка, ќе се одржувала во добро познат кафич во градотДобра музика, пијачка, свирка, ноќен огномет, и се резервисано останале уште само неколку слободни места, па ете сакал да ми укаже чест да бидам таму и да уживам во таа ноќ.На Божик!!!

Еден од најголемите празници на Христијанството, раѓање на Спасителот на нашите души.

…Одбив

Постојано слушам во последно време како многу луѓе се договараат , каде ќе одат на забава за Божиќ.

Забава???

Да се гушам во облаци на чад од цигари , да се гушам во испиениот алхохол до бескрај,музика која наведува на блуд, страст, еуфорија, чекајки ја таа минута по полнок.Да почне кршењето на чаши, вриштење

Велат а што ќе правиш ти дома со старците? Се знае каде има добра забава. И тоа ми го велат така гордо така самоуверено, се чувствувам како да застануваат во одбрана на најголемите научни трудови.

Размислувам јас… како и колку се изгуби чувството за семејната вредност.

Заедницата ти ја претставуваат како кафез, семејниот ручек – како досадна традиција а блискоста како гушење во канџи. Се сеќавам како баба ми и дедо ми ми раскажуваа, како се прославува Божик. Велеја , сите треба заедно  и млади и стари .Дечињата пејат , кандилцето најавува светлина раѓање  а мирисот на темјан се шири низ домот. Со љубов, слога и молитва и чисто срце треба да се дочека Божик.

И како да славам во кафич , кафеана, дискотека а домот тогаш е нашата Црква, а и црквата  до зори ни плаче празна, како да славам на тој начин додека Црквата ни  плаче до зори празна … НА БОЖИК

Љубиша Витезовиќ

уредник

Related Posts

Житие: Преподобниот маченик Зотик Сиропитател (хранител на сиромашните)

Коментарите се исклучени на Житие: Преподобниот маченик Зотик Сиропитател (хранител на сиромашните)

Манастир Свети Илија с. Ротино(фотогалерија)

Коментарите се исклучени на Манастир Свети Илија с. Ротино(фотогалерија)

Утре се празнува Преподобен Гаврил Лесновски

Коментарите се исклучени на Утре се празнува Преподобен Гаврил Лесновски

Create Account



Log In Your Account