Мемети: Пратениците незаконски се приведени, а притворот им е одреден како казна

Мемети: Пратениците незаконски се приведени, а притворот им е одреден како казна

Мемети: Пратениците незаконски се приведени, а притворот им е одреден како казна

Share Button

Народниот правобранител Иџет Мемети обвинува дека судиите на претходна постапка, Весна Димишкова и Ненад Савевски, ја злоупотребиле мерката притвор и ја употребиле како казна за пратениците осомничени за Крвавиот четврток што се случи на 27 април во Собранието.

Тој исто така вели дека полицијата не смеела да ги приведе пратениците, бидејќи имале имунитет.

-Се работи за прекршување на членот 19. од Правилникот за вршење на полициски работи во кој се вели дека доколку лицето покаже статус со кој му се дава имунитет, не смее да биде приведено, утврдил Мемеди.

Тој доставил препорака до министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во која бара да се спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапување на полициските службеници.

Преставката за нарушување на правата на пратеничите народниот правобранител ја добил од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ потпишана од 33 пратеници.

извор Фокус

уредник

Related Posts

Кадровски промени: Заев ќе прави пролетна генералка

Коментарите се исклучени на Кадровски промени: Заев ќе прави пролетна генералка

Create Account



Log In Your Account