ОВАА МОНАХИЊА МОНАШТВОТО ГО ПРИМИЛА ВО БИТОЛСКОТО СИРОПИТАЛИШТЕ БОГДАЈ

ПРЕП. СТЕФАНИДА БИТОЛСКА- ОД ХРИСТА НЕМАМ НИКОЈ ПОМИЛ.ОВАА МОНАХИЊА МОНАШТВОТО ГО ПРИМИЛА ВО БИТОЛСКОТО СИРОПИТАЛИШТЕ БОГДАЈ

Господе Исусе Сине Божји, јас не би го пишувала ова бидејќи ми е срам, не знам и не умеам ништо. Но, морам од живиот немир кој е во мртвиот мој живот. Морам Христе за љубовта Твоја. Нека ми биде слободна надежта и науката Твоја за да не се засрамам во мојот грешен и безумен живот до крајот на векот. Амин.

Простете милостиви оче во името на Господа. Сакам уште со писмо на сите да им говорам, иако вас не ве гледам. Ја и Христа не го гледам па (сепак) покрај Него немам никој помил и поблизок. Се` со Него говорам, Тој тајно ми одговара.

Кога ме занесува злото – Тој ме враќа; кога ми натежнат тешкотии – Господ ми олеснува; кога грешна грижа ме мачи – Христос ме ослободува; кога душата и срцето ми се ожалостуваат – љубовта Христова ме утешува. Јас секого го имам и се` ми е добро, но не можам со никого повеќе да говорам. Намислувам нешто за милоста и потребата Божја да говорам – но не можам; животот ми се менува како кога облак го зафаќа небото. Бидејќи гледа: светскиот живот не го може сето ова, па останувам грешна во жалоста за Христовата милост. Милостивни Христе Исусе Ти се` знаеш: овој живот може да стане како светска лудост. Зачувај, одржи Господи…

Фала му на Бога кој не ми остави никаква волја за овој видлив живот… Само ми оставил ПРОСТА ЉУБОВ И ДОБРА ВОЛЈА (од кои ништо подобро нема). Без нив никој и ништо не ми треба, па да ми ја жалости љубовта Христова. А ја без се` и без секој можам а без Христовата љубов никако не можам. Таа ме подига непрестајно на се` добро што посакувам. Тој ме држи а секој друг ме спушта… Верен Господи, дали е верна вистина ова што јас грешната го пишувам? Господе, помогни му на моето неверие, да не се посрамам.

… Кога сето ова ќе го видите (прочитате), Вие ќе знаете преку Духот Свети- дека ова не е од мојот грешен и недостоен и гаден човечки живот но од самата милост на Великиот Христос која никогаш во животот не ми дава мир, но целата ме подига за љубов и добра волја, без која јас не можам да дишам …

Резултат со слика за Преподобна Стефанида Битолска

ПРЕП. СТЕФАНИДА БИТОЛСКА- ХРИСТЕ, МОЈ ЖИВОТУ

“Вие, оче, можете да знаете ако можете да верувате дека јас освен Христа немам ништо. Само многугрешниот живот го носам. Но Христос ми е милост и љубов и цел углед на животот мој. Кога се угледувам на Христовата голема мака, на Неговото долго трпење и на Неговата доброта и мудрост – веќе не ми треба ништо. Христос ми е доволен. Во мачните темни ноќи Христос ми грее како сонце. /…/ Па нека се прави што и да е на овој свет, нека се обрнува и превтува – мене никој од Христа нема да ме раздели! Мене Христе, не ми треба никој само Ти ако ме љубиш, да ме подготвиш за Себе , да ме чуваш од оваа безверност и развратност која на овој јаден свет постои /…/ О, Господи Исусе Христе, долготрпелив, мачен Сине Божји! Нека ми бидат на помош Твоите свети жалосни маки! /…/ Христе, мој жалосен Животу… немам лек без Тебе!”

Преподобна Стефанида Скадарско-Битолска

Oваа малку позната монахиња и голема сoвремена подвижница
родум е од околината на Скадар. Крштеното име и било Стевка
Ѓурчевиќ. Кога во 1933 година Србите биле протерани од Албанијa, се преселила на Косово. Монаштвото го примила во битолското сиропиталиште Богдај, каде и се упокоила во 1945 година, од раните задобиени од Германците. Моштите и се наоѓаат во манастирот Свети Христифор крај Битола.

Напишете коментар