Епа драги мои Битолчани, сите Вие што барате нешто, кој Ви е крив што не боледувате од РАК ?

Share Button

Еден од поддржувачите на Иницијативата ме извести дека можеш да поднесиш Барање до Општината за надомест на одредена сума на пари доколку имаш веќе дијагноза и боледуваш од РАК. Парите ги исплаќал РЕК Битола преку органите на Општината. КОЈ ПАРАДОКС, човече? Три пати ја препрочитав пораката за да се уверам дека тоа не е така, ама нажалост точно е. Која голема тежина ја има оваа информација од повеќе аспекти. Државата преку ова признава дека не труе сите нас и НЕ обезбедува здрава животна средина која со Уставот ни е загарантирана. Не ги почитува Уставот и Законите кои сама ги донела и сама ги изгласала и што е најтрагично проценува колку е вреден животот наш. ЗАСРАМЕТЕ СЕ !!! Доколку инсталираш дома панели за топла вода и притоа не ја загадуваш околината, со целата документација да одиш во Општина и побараш субвенција за тоа, НЕ ТИ СЛЕДУВА !!! Ама доколку боледуваш од РАК, е тогаш ТИ СЛЕДУВА надомест од цирка 25.000 денари или зависи како ќе процени Комисијата. Епа драги мои Битолчани, сите Вие што барате нешто, кој Ви е крив што не боледувате од РАК ?

фб објава превземена од фб групата24/7 СУБВЕНЦИОНИРАНА ТАРИФА

Напишете коментар