Закон, извршители, Меморандум?

Share Button

Според Законот за извршување (Сл. Весник на РМ, бр.72 од 12.04.2016 година), член 116, од извршување се изземени:
Изземени се од извршување:
1) примање врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради
нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и
надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката;
2) примање врз основа на надоместок поради телесно оштетување според прописите за
инвалидското осигурување;
3) примање врз основа на права на парична помош од социјална заштита;
4) примање врз основа на привремена невработеност;
5) примање врз основа на додаток на деца;
6) примање врз основа на стипендија, кредит и помош на ученици и студенти;
7) примање на питомци на Воената академија;
8) надоместок за работа на осуден во казненопоправен дом, освен за побарување врз
основа на законско издржување, како и за побарување на надоместок на штета
предизвикана со кривично дело на осудениот;
9) примање врз основа на патни трошоци и
10) средствата на посебната сметка која ја поседува извршителот согласно со членот 36 став (5) од овој закон.

Според членот 117
(1) Извршувањето врз плата и пензија, како и врз надоместок наместо плата, за побарување врз основа на законска издршка, надоместок на штета настаната поради нарушување на здравјето или намалување, односно губење на работната способност и надоместок на штета за загубена издршка поради смрт на давачот на издршката, може да
се спроведе до износот од една половина, а за побарувања по друга основа – до износот од една третина на платата или пензијата.
(2) Одредбата од ставот (1) на овој член се применува и врз примањата на лица во резервниот состав на армијата и полицијата.
(3) Извршувањата врз примањата на воени и мирновременски воени инвалиди врз основа на инвалиднина, ортопедски додаток и инвалидски додаток, може да се спроведе само за побарувања врз основа на законска издршка

Според член 5
(1) Извршувањето заради остварување на парично побарување не може да се спроведе врз предмети или врз права кои се нужно неопходни за задоволување на основните животни потреби на должникот и на лицата кои тој според законот е должен да ги издржува, или за вршење на самостојна дејност која е должников главен извор на средствата за живот.
(2) При спроведување на извршувањето извршителот е должен да води сметка за достоинството на личноста на странките, учесниците во постапката на извршување и нивните семејства, како и за тоа извршувањето да биде поповолно за должникот.

МТСП: Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

30.12.2017

Денес, Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Република Македонија потпишаа Меморандум со кој извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата – приматели на социјална помош.

„Потпишувањето на Меморандум со Комората на извршители е со единствена цел – да ги заштитиме правата на лицата кои се во социјален ризик со тоа што ќе спречиме да се блокираат нивните сметки“, изјави министерката Царовска.

Со потпишувањето на овој Меморандум, ние ја изразуваме подготвеноста за соработка на полето на спроведувањето на социјалната политика и на Законот за извршување. Соработката ќе се темели на начелата и постапките предвидени со овој меморандум, а согласно прописите за заштита на личните податоци“, додаде Царовска.

Потписниците се согласни да ги применуваат највисоките стандарди за етичко и законско однесување за време на реализација на овој меморандум и се обврзуваат да обезбедат систем за заштита на податоците од неовластено користење и злоупотреба.

 

Напишете коментар