Полицијата одзеде 7377 петарди

На 29.12.2017 година од страна на инспектори при Надворешната канцеларија за недозволена трговија со дрога и оружје –Струга била извршена контрола во с.Мороишта – Струга во продавницата за прехрана „Лазароски Компани“, сопственост на В. Л. (1962) од истото село, при што пронајдени биле 7377 парчиња пиротехнички средства – петарди. Петардите се одземени, а В.Л. бил приведен во полициската станица од општа надлежност-Струга за понатамошна постапка.- соопштуваат од МВР

Напишете коментар