РЕВИЗИЈА НА РАБОТАТА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ, А НЕ ЕВТИН ПОПУЛИЗАМ ЗА НЕИНФОРМИРАНИ! СРАМ И АРАМ

РЕВИЗИЈА НА РАБОТАТА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ, А НЕ ЕВТИН ПОПУЛИЗАМ ЗА НЕИНФОРМИРАНИ! СРАМ И АРАМ

РЕВИЗИЈА НА РАБОТАТА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ, А НЕ ЕВТИН ПОПУЛИЗАМ ЗА НЕИНФОРМИРАНИ! СРАМ И АРАМ

Share Button

Повеќе граѓани и здруженија кои јавно се спротиставија на извршителите во Македонија тврдат дека се блокираат сметки на самохрани родители, на деца кои се без родители, на приматели на социјална помош, како и воопшто на многу сиромашни граѓани кои се во социјален ризик, а притоа освен долгот треба да платат и за услуга и награда за самиот извршител кој го водел предметот, административни, а некогаш и судски трошоци и давачки.

Професорката Мирјана Најчевска посочува дека Меморандумот е вишок, бидејќи едноставно треба да се почитува актуелниот закон, не само затоа што е повисок правен акт туку затоа што ги поседува сите елементи за заштита на социјалните категории, а исто така за држава во која мора да има владеење на право извршителите треба и да бидат принудени да го почитуваат законот, а не ако претходно го прекршувале сега со потпишување на еден лист хартија со министерката Цароска практично да добијат еден вид помилување.
Реагираше и Ана Глигорова од здружението на граѓани кое започна да собира потписи за укинување на извршителите во Македонија поради непринципиелното работење особено врз грбот на најсиромашните кои од обични долгови достигнале астрономски суми за да платат.

Некој да и го пренесе на Мила Царовска, министерката за Труд и социјала, следново. Во законот за извршување (член 116) е децидно НАПИШАНО ДЕКА – ИЗЗЕМЕНИ ВО ИЗВРШУВАЊЕТО СЕ – 4) ПРИМАЊЕ ВРЗ ОСНОВА НА ПРАВА НА ПАРИЧНА ПОМОШ ОД СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА. Каков договор направила денеска со претседателот на Комора на Извршители? Дека ќе се придржуваат до нешто што е старо деценија, а тие го згазиле кој знае колку пати, ама од днес веќе нема? Се зезале мелку?
ДА ПОВТОРАМ – РЕВИЗИЈА НА РАБОТАТА НА ИЗВРШИТЕЛИТЕ, А НЕ ЕВТИН ПОПУЛИЗАМ ЗА НЕИНФОРМИРАНИ! СРАМ И АРАМ, критикува Глигорова преку социјалните мрежи.

Да потсетиме дека за ова жешко прашање средба во Владата имаше токму од Здружението за заштита на граѓанските права „Но пасаран“ кое на премиерот Заев му го претстави сите проблеми околу работата на извршителите при што беше заклучено дека треба да се развие јавна дебата, како и да се најдат соодветни решенија кои ќе овозможат финансиско стабилизирање на граѓаните.

уредник

Related Posts

Битолчани со пофалби за јавната чешма кај Саат Кулата во центарот на градот

Коментарите се исклучени на Битолчани со пофалби за јавната чешма кај Саат Кулата во центарот на градот

Create Account



Log In Your Account