Новогодишна честитка од НСП

Почитувани членови, колеги, граѓани на Р.Македонија Ова се моменти кога се потсетуваме на сите успесите во изминатата година истовремено исполнети со верба и надеж дека со поголема енергија ќе зачекориме во Новата 2018 година.

Постигнатите резултати во изминатата година нека ни бидат поттик за уште поголеми успеси за остварување на нови дела и вредности во 2018 година. Годината која ни доаѓа да ја дочекаме обединети и сплотени во интерес на нашата професија.

Годината која измина беше значајна за Независниот Синдикат на Полицијата годината која следи ќе биде круцијална бидејќи Независниот Синдикат на Полицијата како млад синдикат е на прагот на Репрезентативноста која ќе значи нова борба а како што ја почнавме така и ќе ја завршиме ДОСТОИНСТВЕНО бидејќи по добивање на репрезентативноста за Независниот Синдикат на Полицијата

“Подобро би било да се умре на нозе, отколку да се живее на колена.“

Постоењето на достоинство значи дека секој полицаец има свој вреден живот, своја чест, своја гордост… Тоа се особини кои се исклучително вредни, заради што секогаш треба да се чуваат и бранат. Секој, секогаш и секаде треба да се бори за достоинството! Денес, тоа е – императив! Оти, живееме во таков свет и во такво време во кое достоинството е константно изложено на удар. Имено, денес живееме во свет кој смета дека никој не е ништо друго освен – имот, профит, приход, положба, шанса… Евидентен факт е дека многу полициски службеници дозволиле ѕидините на нивната тврдина да попуштат и паднат а тие го загубиле сопственото достоинство. Нивните тврдини се претворени во робусни руини… Имено, нивниот идентитет е збришан од безглавата трка по профит, од модерното ропството, од експлоатацијата, од сеопштата морална дисторзија и сите тие се претворени во безлични единки, во штрафчиња на огромниот, но безличен и невидлив механизам наречен „политички поредок“! Таквите, не разбрале дека сопственото достоинство е највредното нешто што може да го поседуваат и не разбрале дека никако не смеат да го загубат. Бидејќи тоа не го разбрале, за ситна добивка во пари, имот, кариера, слава… се откажале од своите автентични права и започнале да живеат живот замислен од другите.

„Не постои разлика меѓу мало и големо понижување“ И, толку – тоа е тоа!

Одбрана на полициското достоинство не се добива со одстапување и со чести превиди на реалните проблеми одбраната се добива со ПОСТОЈАНА БОРБА бидејќи денес се разбира и во минатото ние се соочуваме со газење на достоинството, искрено сѐ поретко се зборува за полициското достоинство ( со исклучок на НСП кој за волја на вистината го крена гласот ) како ние да сме најдолната и најлошата алка во синџирот наречен ЧОВЕК

Ретко кој се дрзнува да каже дека политиката морално го осакати ПОЛИЦАЕЦОТ и го преобрази во негација на сè што беше достоинствено во него. Ретко кој има смелост да укаже дека ПОЛИЦАЕЦОТ е обесчестен, претворен во пасивно средство за подкусурување, дека е понижен да работи само за да преживее, дека е понижен затоа што на сите страни треба да коленичи и моли…

КОЛЕГИ ВРЕМЕ Е да се изгради една идеологија која ќе се темели на концептот на вистина, а тој концепт пред сѐ ќе значи да се биде верен на себе. Идеологија која во прв план ќе го стави достоинство. Врз основа на таквата идеологија мора да се води борба која ќе отвори надеж за овозможување на исправен од на сите НАС. Борба која ќе ја врати убавината на полициското живеење. Колеги насекаде мора да се води перманентна борба која ќе значи негација на лагата, репресијата, деградацијата, отуѓеноста, невидливоста која ја наметнува глобалистичкото капиталистичко општество…

Едноставно, идната наша револуција треба да биде негација на се што ни се случуваше како службеници во изминатите 27 години, негација на Сегашноста и артикулација на борбата за достоинство…

Време е колеги да издградиме ИНСТИТУЦИЈА време е да покажеме дека ние сме тука за две основни работи прво да ги заштитиме нашите семејства и им пружиме достоинствен живот и второ да ги заштитиме сите оние кои не плукаат и оние кои не почитуваат.

СО ПОЧИТ КОН СИТЕ ВАС но време е ДА СИ ГО ВРАТИМЕ ДОСТОИНСТВОТО време е за вистинска борба како што вика нашиот претседател на првата борбена линија господо бидејќи тоа е единствениот начин да се врати ДОСТОИНСТВОТО. Скриени од позадина, тивко и без секојдневно задавање удари тешко дека ќе го постигнеме тоа кога сме јавни и без влакна на јазикот тогаш добиваме најмногу или тогаш бројот на луѓе кои се осудуваат да ги срушат бариерите и да ни се придружат е најголем.

Членови, колеги драги граѓани

“СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИЌНИ ПРАЗНИЦИ”

Ви посакува Независниот Синдикат на Полицијата

За подобро утре ни треба уште подобар и посилен Независен Синдикат на Полицијата

Напишете коментар