Најнова вест:Четири земјотреси во југоисточна Македонија вечерва

Југоисточна Македонија вечерва ја тресат серија земјотреси, досега регистрирани 4  во периодот од 23 до 24 часот. Епицентарот на земјотресите се во соседна Грција 15 до 20 километри од Дојран во областа на Кукуш.

Првиот земјотрес е почуствуван во 23 и 13 со јачина од 4 степени по рихтер кој најмногу го почуствуваа жителите на Гевгелија, Дојран, Богданци и Струмица.

Во следните шест минути беа почуствувани уште два земјотреси со јачина од 3,7 и 3,2 степени. Последниот земјотрес со епицентар во Кукуш е почуствуван во 24 часот со јачина од 3,6 степени

 

Напишете коментар