СДСМ: Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

СДСМ: Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

СДСМ: Извршителите нема да блокираат сметки на приматели на социјална помош

Share Button

Владата предводена од СДСМ неодамна реализира уште едно ветување дадено пред граѓаните, кое се однесува на ранливите категории граѓани и кое обезбедува заштита на лицата кои се во социјален ризик, соопштуваат од владеачката партија.

„Неодамнешното потпишување на Меморандумот помеѓу Министерството за труд и социјална политика и Комората на извршители на Република Македонија, со којшто извршителите се обврзуваат да не ги блокираат сметките на лицата кои се приматели на социјална помош, ги заштитува правата на лицата кои се во социјален ризик со тоа што се спречува блокирање на нивните сметки. Со потпишувањето на Меморандумот, Владата предводена од СДСМ ја изразува подготвеноста за соработка на полето на спроведување на социјалната политика и на Законот за извршување. Соработката ќе се темели согласно прописите за заштита на личните податоци и согласно начелата и постапките предвидени во Меморандумот за соработка”, соопштуваат од партијата.

Владата предводена од СДСМ продолжува со одговорно и посветено спроведување на реформите што обезбедуваат квалитетен живот за сите и истовремено ја промовираат и унапредуваат социјалната правда и ги заштитуваат лицата – приматели на социјална помош.

уредник

Related Posts

Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Коментарите се исклучени на Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Примателите на социјална помош и туѓа нега утре ќе добијат пари

Коментарите се исклучени на Примателите на социјална помош и туѓа нега утре ќе добијат пари

Create Account



Log In Your Account