Бутарис ние си имаме идентитет, а вие?

„Луѓето сакаат да си најдат идентитет“, вели Јанис Бутарис, градоначалник на Солун, после посетата на Заев.

Јани од Крушево, те излажале друже, јас идентитет имам и нема потреба да си го најдам. Тој што нема, слободно да си го бара. Инаку, добро би било во знак на добра волја, на солунскиот аеродром “Македониа” да му го вратите старото име “Микра”, кое што го сменивте во 1989, кога насетивте дека Македонија ќе се осамостои.

Тогаш, како што вели Ципрас, ова ќе биде ваш конкретен чекор, а јас ќе станам оптимист дека сте се вразумиле дека никого не може да му го спорите правото да се нарекува како што сака.

Поздрав од еден со најден идентитет.

извор dokazmk.com

Напишете коментар