Во Свети Николе повеќе од 50 граѓани избркани од работа

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Никола преку својот Фејсбук профил информираат дека од 15-ти октомври до 29 декември, од повеќе државни институции од локалната самоуправа, како што се општински училишта, јавните претпријатија и други локални институции од работа се избркани над 50 лица, кои се политички неистомисленици со како што се вели во статусот хунтата на власт.

-Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе, најостро ги осудува заканите, уцените и реваншизмот кон наши членови и симпатизери, но и останати наши сограѓани кои се политички определени, а ги изгубија работните места само затоа што не гласале за СДС на последните избори, се вели во статусот.

Тие велат дека со чекорите кои ги презема власта ништо не укажува на животот кој го ветуваа на граѓаните.

-Насилнички и противзаконски беа сменети во еден ден сите членови на управни и надзорни одбори, прекршени се повеќе законски услови и процедури при поставување на директори и раководители, а се поголем е револтот на многу граѓани поради неисполнетите ветување од СДС за време на изборите, се вели во статусот.

Тие велат дека изживувањето врз луѓето во предвечериеро на новогодишните празници и еден од најголемите христијански празници Божиќ, е показател за капацитетот на оваа ненародна власт, која како што велат повеќе се занимава со реваншизам отколку со реализација на ветеното пред граѓаните.

ОК Св.Николе

минатиот петок

ПОЧИТУВАНИ СОГРАЃАНИ,

САКАМЕ ДА ВЕ ИНФОРМИРАМЕ ДЕКА ОД 15-ТИ ОКТОМВРИ ДО ДЕНЕС, 29.12.2017 ГОДИНА, ОД ПОВЕЌЕ ДРЖАВНИ ИНСТИТУЦИИ И ОД ЛОКАЛАТА
(ОПШТИНСКИ УЧИЛИШТА, ЈАВНИ ПРЕТПРИЈАТИЈА И ДРУГИ ЛОКАЛНИ ИНСТИТУЦИИ) ОД РАБОТА СЕ ИЗБРКАНИ НАД 50 ЛИЦА, КОИ СЕ ПОЛИТИЧКИ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ СО ХУНТАТА НА ВЛАСТ.
ОПШТИНСКИОТ КОМИТЕТ НА ВМРО-ДПМНЕ СВЕТИ НИКОЛЕ НАЈОСТРО ГИ ОСУДУВА ЗАКАНИТЕ, УЦЕНИТЕ И РЕВАНШИЗМОТ КОН НАШИ ЧЛЕНОВИ И СИМПАТИЗЕРИ, НО И ОСТАНАТИ НАШИ СОГРАЃАНИ КОИ НЕ СЕ ПОЛИТИЧ

Види повеќе

 

Напишете коментар