Екс градоначалникот на Ново Село заработи кривична

Екс градоначалникот на Ново Село заработи кривична

Екс градоначалникот на Ново Село заработи кривична

Share Button

Секторот за внатрешни работи Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против Б.В. (53) од Ново Село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

-Б.В., како градоначалник на општина Ново Село, на 07.03.2014 година, злоупотребувајќи ја службената положба и овластување,  склучил Анекс кон Договорот за закуп на времен објект, со кој го продолжил рокот на времетраење на договорот од 5  на 11 години.

Пријавениот, пред истекување на Договор за закуп на времен објект на Смоларски водопад,  склучен помеѓу општина Ново Село и закупецот – правно лице од Струмица, без спроведување на јавно наддавање и јавен оглас за издавање под закуп на обејкт, му го продолжил користењето на обејктот, сопственост на општина Ново Село, на 11 години.

Со потпишување на Анексот, Б.В. дозволил преуредување на постоечки објект во национален ресторан и изградба на неделиви објекти од тврда градба, спротивно на условите во претходно објавениот оглас за јавно наддавање за издавање под закуп на времен објект и спротивно на потпишаниот договор за закуп на времен објект. На тој начин овозможил правното лице – Друштво за туризам, угостителство и услуги од Струмица, да биде во повластена положба на пазарот и со поголема имотна корист и афирмација за подолг  временски рок, информираат од МВР.

Извор: Макфакс

уредник

Related Posts

СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СТРУМИЦА – ШТИП, ВО СУДИРОТ УЧЕСТВУВАЛ И „ЦИТРОЕН БЕРЛИНГО“ СО БИТОЛСКИ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ

Коментарите се исклучени на СООБРАЌАЈКА НА ПАТОТ СТРУМИЦА – ШТИП, ВО СУДИРОТ УЧЕСТВУВАЛ И „ЦИТРОЕН БЕРЛИНГО“ СО БИТОЛСКИ РЕГИСТАРСКИ ОЗНАКИ

Во Скопје: Мајка и ќерка претепани на улица

Коментарите се исклучени на Во Скопје: Мајка и ќерка претепани на улица

Возач од Битола пронајден починат на терминалот Табановце

Коментарите се исклучени на Возач од Битола пронајден починат на терминалот Табановце

Две момчиња избодени во Скопје, приведени двајца напаѓачи од Сарај

Коментарите се исклучени на Две момчиња избодени во Скопје, приведени двајца напаѓачи од Сарај

Create Account



Log In Your Account