Макрон има нов предлог за Закон против лажните вести

Share Button

Макрон најави нов предлог Закон за лажните вести. Имено, францускиот претседател Емануел Макрон во иднина ќе предложи нови правила за справување со лажните вести за време на изборите во земјата., објави „Политико“.

„Кога лажните вести се шират, ќе може да се отиде кај судија и ако биде пресудено, профили на корисници ќе бидат избришани и цели интернет-страници ќе бидат блокирани“, изјави Макрон.

„Платформите ќе имаат повеќе обврски по транспарентноста во однос на спонзорираната содржина, за да може спонзорите и оние кои ги контролираат да се познати, како и да се стави ограничувања на количеството пари кои можат да бидат употребени за спонзорирање на предметната содржина“, додаде тој.

Според предлозите на претседателот, веб-сајтовите ќе се соочат со казни и медиумските регулатори ќе имаат поголема моќ да дејствуваат врз нив.

За време на неговата предизборна кампања, Макрон ги забрани руските медиуми „РТ“и „Спутник“ да пристапуваат на нивните митинзи, велејќи дека дистрибуирале лажни информации.

 

Напишете коментар