Неколку општини со апел до граѓаните да не се палат коледарски огнови

Неколку општини со апел до граѓаните да не се палат коледарски огнови

Неколку општини со апел до граѓаните да не се палат коледарски огнови

Share Button

Неколку општини апелираат до граганите да не се палат традиционалните коледарски огнови.Порачуваат овој Бадник да биде поинаков бидејќи воздухот и така е загаден.

Празникот да се одбележи без отворени огнови, да празнуваме и чист воздух да зачуваме-без коледарски огнови, се дел од апелите на општините кои годинава одлучија да се забрани доделување на дрва за оваа намена. Од град Скопје апелираа граѓаните да се воздржат од палење огнови на јавни места. Со цел да се заштити животната средина и да се спречи загадувањето на воздухот.

Со официјално соопштение излегоа и од општина Аеродром. Годинава нема да има финансирање на бадникови огнови, велат од општината. Сличен апел  до граѓаните испратија и од општина Центар кои информираат дека нема да се издвојуваат средства за  бадникови огнови и парите ќе ги пренасочат кон ново зеленило и социјални случаи. Сличен став имаат и граѓаните кои сметаат дека ова е паганска традиција и не е карактеристична за Скопје како главен град.

Дел од гражаните сметаат дека освен што со запалени огнови се загадува воздухот туку и дека тоа е пагански обичај

Претходно и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов за време на традиционалното собирање на бадникови гранчиња на Водно апелираше да не се палат огнови на отворено за време на Бадник. Во Битола изминатите години гражаните традиционално палеа отворени огнови низ битолските маала

 

уредник

Related Posts

Протест пред домот на пратеничката од СДСМ Кети Смилеска

Коментарите се исклучени на Протест пред домот на пратеничката од СДСМ Кети Смилеска

Create Account



Log In Your Account