Во Битола на плоштадот нема да има коледарски оган

Во Битола на плоштадот нема да има коледарски оган

Во Битола на плоштадот нема да има коледарски оган

Share Button

Годинава како и лани во Битола на плоштадот Гоце Делчев по втор пат нема да се пали традиционалниот коледасрски оган. За ваквите огнови МПЦ апелира дека се пагански обичај а од општините потенцираат дека и една од причините е загадениот воздух.

Неколку општини апелираат до граганите да не се палат традиционалните коледарски огнови мегу нив е и општината Битола.Порачуваат овој Бадник да биде поинаков бидејќи воздухот и така е загаден.

Празникот да се одбележи без отворени огнови, да празнуваме и чист воздух да зачуваме-без коледарски огнови, се дел од апелите на општините кои годинава одлучија да се забрани доделување на дрва за оваа намена. Од град Скопје апелираа граѓаните да се воздржат од палење огнови на јавни места. Со цел да се заштити животната средина и да се спречи загадувањето на воздухот.

Со официјално соопштение излегоа и од општина Аеродром. Годинава нема да има финансирање на бадникови огнови, велат од општината. Сличен апел  до граѓаните испратија и од општина Центар кои информираат дека нема да се издвојуваат средства за  бадникови огнови и парите ќе ги пренасочат кон ново зеленило и социјални случаи. Сличен став имаат и граѓаните кои сметаат дека ова е паганска традиција и не е карактеристична за Скопје како главен град.

Дел од гражаните сметаат дека освен што со запалени огнови се загадува воздухот туку и дека тоа е пагански обичај

Претходно и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов за време на традиционалното собирање на бадникови гранчиња на Водно апелираше да не се палат огнови на отворено за време на Бадник. Во Битола изминатите години граѓаните традиционално палеа отворени огнови низ битолските маала.

Наместо огнови МПЦ ги повикува граѓаните во храмовите

 

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account