Запалената свеќа на Бадник и Божик во домот значи на сите оние на кои им треба помош се добредојдени

Share Button

И Божикната свеќа има своја легенда. Еве што значи кога на Бадник и Божик свеќата во вашиот дом на вашата трпеза е запалена. Според некои народни верувања во средновековна Европа луѓето палеле големи свеќи за Божик, како сеќавање на доаѓањето на мудреците во Витлеем.

Свеќите во домовите ја симболизирале и добрата волја и подготвеноста да им се помогне на оние на кои им треба храна и засолниште. Запалената свеќа во домот покажувала дека сите оние на кои им треба помош се добредојдени.

Легендата раскажува дека светлината на свеќите во домовите го водела детето Исус и му го покажувала патот додека барало место каде ќе може да ноќева.

Според верувањето, ако на Божик запалите свеќа и ја ставите на прозорецот, му го осветлувате патот на Исус и неговото семејство, а покажувате и дека вашиот дом е отворен за гости.

 

Напишете коментар