На Божик Бог го прегрнува човекот и човекот го прегрнува Бог! Простувајте на сите,тоа е љубовта ваша!!!

На Божик Бог го прегрнува човекот и човекот го прегрнува Бог. Дали тоа го весели вашето срце или можеби и понатаму сте ладни и кон Бог и кон луѓето?.Погледнете се дали личите на сонце или на ладен мртовец и гроб на темнината?Во деновите кои се пред вас,  како што веќе ви реков, Бог доаѓа да ве прегрне, ноќта кога Он се раѓа не повикува  меѓу нас  да владее мир добра волја како на небото така и на земјата.Оставете го тоа, кој е крив а кој не е, кој ви грешел и слично,Тоа Бог нека го пресуди, но ние мора и треба да се сакаме едни со други, да си помагаме.

Дали сте се запрашале што е тоа што не спречува да ги сакаме сите луѓе, дали можеби е тоа гревот кој лесно може да се всели во секој од нас? Затоа најпрво да се помириме со Бог а потоа и со сите луѓе. Со слога се гради , дом, семејство, држава , црква и не треба да сме рушители туку градители.

Од срце посакувам да го дочекаме Божик со заедничка љубов, ослободени од омраза кон било кој.

Слава на Бога во висините , на земјата мир меѓу лугето добра волја- овие зборови се изречени од ангелите Божји, и од нив нема на земјата поблагословени зборови. Преку овие зборови се потврдува неизмерната Божја љубов кон сите нас.

И ништо нема поубаво од тоа на земјата да владеее мир а меѓу луѓето добра волја. Тие зборови се изговорени во моментот кога Христос се раѓал/  тој ден е ден кога Бог се помирува со луѓето но и луѓето со Бога.

На Божик Бог го прегрнува човекот но и човекот го прегрнува Бог. Простувајте на сите Тоа е љубовта ваша

Напишете коментар