Синоќа во Битола опожарено паркирано патничко возило „Рено клио“

Share Button

На 05.01.2018 година околу 18.00 часот на ул. „Беласица“ во Битола, од засега непознати причини, настанал пожар во паркирано патничко возило „Рено клио“ со битолски регистарки ознаки, сопственост на Ѓ.К. (70). Во пожарот делумно се изгорени возачкото седиште, внатрешниот ентериер и дел од воланот на возилото. Б.К. (52) од Битола, сосед на оштетениот, кога забележал дека возилото гори со противпожарен апарат, кој го земал од своето возило, го скршил прозорот на возачката врата и го изгаснал огнот пред доаѓањето на возилото на Бригадата за противпожарна заштита. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Напишете коментар