Блокирани сметки и пред Божик.Извршителите пред врата кај граѓаните

Блокирани сметки и пред Божик.Извршителите пред врата кај граѓаните

Блокирани сметки и пред Божик.Извршителите пред врата кај граѓаните

Share Button

Извршителите не одмарале ниту за празниците, се блокирале сметки и пред Божик – велат од иницијативата „Стоп за извршители“. Причина за зголемување на блокираните сметки велат е во тоа што се очекува новиот закон за извршување со кој меѓудругото предвидено е да се корегира и тарифата за награда и надоместок на извршителите, па затоа сега извршителиоте брзале со наплатата.

Според нашите информации, тие продолжуваат и понатаму со блокада на граѓаните, без разлика дали е петок попладне, дали е празник. Премиеро најави нов Закон, дали тоа ги плаши, дека доаѓа крајот на овој грабеж и сега што може „да се улови во матно“, вели Марјан Ристески – Стоп за извршители.

Во меѓувреме, од канцеларијата на народниот правобранител велат дека претставките до нив се зголемуваат, а извршителите често знаат да го злоупотребат законот за извршување, па дури да остават и деца без основни приходи. Загрижувачки според нив, е што дел од извршителите не ги слушаат препораките од народниот правобранител.

„Ние имаме регистирано и случаеви кога малолети деца оставаат без никакви приходи, им се одзема нивни гарантиран приход којшто им го дава државата. Меѓутоа поради дозвола, тоа е дури и благ збор, во такви случаи навистина санува збор за злоупотреба, се одземаат сите приходи, и ниту по интервенција од народниот правобранител не се постапува, што е загрижувачки“, вели Зоран Билбиловски – Заменик народен правобранител.

Пред неколку недели, министерството за труд и социјала потпиша меморандум со комората на извршители, според кој извршителите се обврзаа дека повеќе нема да блокираат сметки на корисници на социјална помош, кое во јавноста наиде на силни реакции, бидејќи и досега извршителите законски не смееа да блокираат сметки на приматели на социјална помош.

Инаку, ТВ 24 врз основа на официјалните податоци од Централен регистар објави дека за пет години сите извршители во земјава имале вкупни приходи од 60 милиони евра, а при тоа оствариле вкупна добивка од 23 милиони евра.

извор тв 24

уредник

Related Posts

(ФОТО) Ова е директорката која ги остави средношколците од Неготино сами во Италија

Коментарите се исклучени на (ФОТО) Ова е директорката која ги остави средношколците од Неготино сами во Италија

Преку писмо се огласија фамилиите на загинатите планинари Калина и Александар, а нивните тела пристигнале денеска

Коментарите се исклучени на Преку писмо се огласија фамилиите на загинатите планинари Калина и Александар, а нивните тела пристигнале денеска

КАРАЏОСКИ-Дали Вие купувате боја за вапцување на јајца , или Ви се вапцуваат по дифолд јајцата?!

Коментарите се исклучени на КАРАЏОСКИ-Дали Вие купувате боја за вапцување на јајца , или Ви се вапцуваат по дифолд јајцата?!

Create Account



Log In Your Account