Во куќа на улицата Зборска во Битола извршена тешка кражба

Во куќа на улицата Зборска во Битола извршена тешка кражба

Во куќа на улицата Зборска во Битола извршена тешка кражба

Share Button

На 07.01.2018 година во периодот од 20.05 до 21.10 часот во куќа на ул. ,,Зборска“ во Битола,  сопственост на Ј.Р. (52), непознат сторител извршил тешка кражба. Сторителот со употреба на подесен алат влегол во куќата и одзел една пушка ИЖ 27 ,,Бајкал “, една пушка ,,Бровинг, Максус“ и една метална каса во која имало околу 2.000 евра во разни апоени, околу 4.000 канадски долари, околу 700-1000 американски долари, околу 130 000 денари во разни апоени и поголема количина златен накит, по што побегнал во непознат правец. На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 700.000 денари. Увид на местото на настанот  извршила екипа на СВР Битола. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

уредник

Related Posts

Create Account



Log In Your Account