Научете го уставот на животот, неговите 10 закони

“Животот е низа од лекции кои мораат да се иживеат за да бидат разбрани”-Хелен Келер

Животот е едно големо искуство, кој треба внимателно да се пробува за да се вкуси секоја негова страна, животот е еден голем учебник кој мора да се чита внимателно, лекција по лекција, зашто ако паднете на еден испит, со страв ќе чекорите кон следниот.

Животот е она што го носиме во нас, нашите инстинкти кои не насочуваат кога што да направиме, силата која извира длабоко од душата и не води напред кон нови хоризонти каде се крие непознатото, кое кога ќе го запозаеме чуствуваме како сето време да сме биле свесни за него.

Кога ќе размислиме внимателно, всушност ќе сфатите дека животот е како една епизода од огромниот серијал кој постојано ви го раскажуваат сите, а вие во него добивате една улога, која ако не ја одиграте правилно (предавајќи се сета, со сето свое битие) нема да ви се укаже втора шанса. Затоа, внимавајте!!!

Научете го уставот на животот, неговите 10 закони, а потоа побогати со уште едно знаење, зачекорете посигурно напред, таму каде што сте тргнале…

Прв закон-Ќе добиете тело

Независно дали ќе го сакате или мразите, ќе биде ваше за цел живот и затоа- прифатете го. Најважно е она што го носите во него.

Втор закон-Ќе добиете лекции

Животот е константо учење преку искуства, кој секојдневно дава можности да научите повеќе. Овие лекции се наменети лично за вас и нивнотот учење е клуч, за откривање на значењето и важноста на сопствениот живот и нивното исполнување.

Трет закон- Не постојат грешки, само лекции

Вашиот развој кон мудроста, е процес на експериментирање, обидување и правење грешки, и затоа неизбежно е некои работи да не одат според вашиот план и очекувања. Сочувството е лек за острите осуди на себеси и другите.Прошката помага во отфрлувањето на емотивниот товар. Однесувањето со интегритет, етика и хумор,особено способноста да се смееме на самите себеси и сопствените неуспеси се основа за ставот дека грешките се само лекции кои мора да се научат.

Четврт закон-Лекцијата се повторува се додека не се научи

Она што се манифестира како проблем, предизвик, вознемиреност, фрустрација се лекции и тие ќе се повторуваат се додека не ги видите како такви и не научите нешто од нив. Вашата свесност и способност за промени се неопходни за да се изврши овој закон. Основно е и прифаќањето на фактот деке не сте жртва на судбината или околностите-нештата се случуваат поради она што сте и она што го правите. Обвинувањето други луѓе или причини за вашата несреќа е само избегнување и негирање. Вие самите сте одговорни за вас и за она што ви се случува. Трпението е потребно, промената не се случува преку ноќ, затоа дајте и време да се случи.

Петти закон-Учењето никогаш не завршува

Додека сте живи ќе се појавуваат лекции кои мора да ги научите. Предадете му се на ритамот на животот, не борете се против него. Посветете му се на процесот на постојано учење и менување- бидете доволно скромни за секогаш да си ги признаете сопствените слабости и бидете доволно флексибилни за да се адаптирате од она на што сте навикнати на промените кои следат. Нефлексибилноста кон промените само ќе ве оттргне од слободата на новите можности.

Шести закон-Не постои подобро место од “тука”

Тревата кај соседите можеби е позелена од вашата, но да се биде таму не е е решение за бескрајна среќа. Бидете благодарни и уживајте во она што го имате и таму каде што се наоѓате на вашето патување низ животот. Центе го она што е добро во вашиот живот, не мерете ги и не се насочувајте кон натрупување нешта кои и не водат до среќа. Живеењето во сегашноста помага да го зачувате мирот.

Седми закон- Другите се огледало на вас

Она што го сакате или мразите кај другата личност е во согласнот со она што го сакате или мразите кај себе. Бидете толерантни, прифатете ги другите какви што се, стремете се кон вистинско разбирање и имање објективна перцепција на сам/а себе, сопствените мисли и чувства. негативните искуства се можности да ги излекувате раните кои ги носите во себе. Поддржувајте ги другите, со тоа ќе се поддржите и себеси. Во миговите кога не сакате да им дадете поддршка на другите е знак дека не посветувате соодветно внимание на сопствените потреби.

Осми закон- Ов вас зависи што ќе направите со животот

Ги имате сите средства и ресурси кои ви се потребни. Што ќе направите со нив зависи само од вас. Преземете одговорност за себе. Научете да ги прифаќате нештата кои не можете да ги смените и ќе се ослободите за да делувате врз други нешта. Контролирајте го гневот кон минатите непријатни настани, зашто горчливите спомени само го вознемируваат умот. Храброста постои во сите нас, па употребете ја кога е потребно да го сторите она што е добро за вас. Сите поседуваме природна моќ, сила, авантуристички дух, кои ве поттикнат да го прифатите она што се наоѓа пред вас.

Деветти закон-Вашите одговори се наоѓаат во вас

Верувајте им на вашите инстинкти и скриени чувства, било да ги слушнете како внатрешен глас или да ви се појавуваат како момент на инспирација. Гледајте, слушајте и верувајте им. Нека ве води природните инспирација.

Десетти закон- Сето ова ќе го заборавите при раѓањето

Сите сме родени со овие способности- наште рани искуства не водат во физичкиот свет, подалеку од нашата духовност и стануваме полни со сомнежи, без верба, цинични, и без самодоверба. Кога ќе го изгубите патот, искористете ги законите, Имајте верба во силата на вашиот дух. Бидете мудри, откријте го вистинскиот пат во вашиот живот и бидете свесни дека за вас не постојат други лимити, освен оние кои самите си ги поставувате.

Напишете коментар