Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото

Коментарите се исклучени на Битолчанка пронајдена мртва со изгореници по телото
Share Button

Доцна синоќа, после полноќ, околу 00,10 часот било пријавено дека во Битола на улица „Сремска Митровица“ во нејзиниот дом била пронајдена почината 66- годишната В.А.

Од МВР велат дека од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатрана смрт со видливи изгореници кај лицето, како и во пределот на двете нозе и стомакот.

Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Битола.

-Било констатирано дека нејзиниот син 25 годишниот П.В околу 13,00 часот, вчера излегол на работа и се вратил околу 00,10 часот, кога и ја затекнал својата мајка без знаци на живот на подот во дневната соба, во непосредна близина на кварцната печка.Потоа ја кренал и ја ставил на креветот, по што повикал Итна медицинска помош- се вели во соопштението

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е предадено за обдукција.

уредник

Related Posts

Дилер на дрога од Битола заврши во притвор

Коментарите се исклучени на Дилер на дрога од Битола заврши во притвор

Наместо пецива во комбето ставил мигранти, се обидел да бега како на филм но македонската полиција го фати

Коментарите се исклучени на Наместо пецива во комбето ставил мигранти, се обидел да бега како на филм но македонската полиција го фати

Стар дедо натепал двајца полицајци

Коментарите се исклучени на Стар дедо натепал двајца полицајци

Татко и син се испијаниле, се испокарале, па пукале со ловна пушка во домот

Коментарите се исклучени на Татко и син се испијаниле, се испокарале, па пукале со ловна пушка во домот

Create Account



Log In Your Account