Монахињите од манастирот во Слепче со порака до грчките владици кои протестираат за името!

Монахињите од манастирот во Слепче со порака до грчките владици кои протестираат за името!

Монахињите од манастирот во Слепче со порака до грчките владици кои протестираат за името!

Коментарите се исклучени на Монахињите од манастирот во Слепче со порака до грчките владици кои протестираат за името!
Share Button

Сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир напиша неколку стихови посветени на свештениците и владиците од Грчката православна црква, кои деновиве секојдневно се на улица и протести против правото на идентификација на македонскиот народ

Драма

Многуглаголиви говорници
повишиле гласови до небеси,
рашириле раце до немајкаде
мисли им одлутале во беспаќе.

Се собрале, се набрале,
не знаејќи што да прават со себе
откако на себе заборавиле
а на Бога не се сетиле
тргнале да се наситуваат
со ум надалеку да лутаат.

Драма запишуваат Ангелите
за човекот и неговата ненаситност
на тоа зачудени останаа демоните
каде се оди човекот и неговата гордост.

Земја им треба на луѓето
да прошират ниви и градини,
ширина им треба на безумието
за око ненаситно поголеми залаци.

Ако ги прашуваш
нема да знаат да одговорат,
ако за причина ги испитуваш
од објаснувања ќе се уморат,
а всушност, прошепоти Ангелот,
едни до други не научија да живеат
па така им одлетал погледот
на места каде страсти одлучиле да се прошират.

Моето мое е,
твоето мое е,
содржина е на оваа драма
за да причината нема мана
кога земјата ќе изнедри места лесни
кои ќе послужат за гробови пресни.

Крај нема човековата самотија
кога војна прифаќа со леснотија,
но не таа која поглед има кон Небото,
туку таква која не ја памети ни морето.

Заштити, спаси и сочувај
Боже со Твојата Благодат!

zalez

Христијанинот на злото со зло не враќа, он се моли за своите непријатели.
Но секогаш ќе остане зачуден кога од оние од кои очекува да слушне зборови духовни,
слушне зборови светски кои припаѓаат на самољубието и од него произлезената гордост.

Посветено: http://greece.greekreporter.com

(од сестринството при Слепченскиот Претеченски манастир)

уредник

Related Posts

Утре е Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј

Коментарите се исклучени на Утре е Пренос на моштите на Светиот свештеномаченик Игнатиј

Најнови фотографии Света Троица (Руска црква ) – Битола

Коментарите се исклучени на Најнови фотографии Света Троица (Руска црква ) – Битола

Денес е Св.Наум Охридски Чудотворец

Коментарите се исклучени на Денес е Св.Наум Охридски Чудотворец

Create Account



Log In Your Account