Соопштение на ЦИВИЛ:ТВРДОКОРНИТЕ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА И ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ

Соопштение на ЦИВИЛ:ТВРДОКОРНИТЕ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА И ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ

Соопштение на ЦИВИЛ:ТВРДОКОРНИТЕ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА И ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ

Коментарите се исклучени на Соопштение на ЦИВИЛ:ТВРДОКОРНИТЕ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА И ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ
Share Button

ГОВОРОТ НА ОМРАЗА И НАСИЛСТВОТО СЕ НЕПРИФАТЛИВИ!

Соопштение на ЦИВИЛ

ТВРДОКОРНИТЕ ШИРАТ ГОВОР НА ОМРАЗА И ГИ ЗЛОУПОТРЕБУВААТ ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА И СЛОБОДИ

Демократијата подразбира слобода на изразувањето и право на протест, но секако подразбира и владеење на правото и почитување на човековите права и слободи.
Крајно неприфатливи се директните и индиректните повици на насилство, говор на омраза, клеветење и обвинување на институциите и на соседните држави за фашизам и низа други квалификации, како што тоа е случај со организаторите кои повикаа на протест против Законот за јазици. Организаторите на овој протест, со груба злоупотреба на човековите права и слободи, пред сѐ, на слободата на изразувањето и правото на протест, се обидуваат да предизвикаат меѓуетнички тензии и насилство.
Тоа што на Фејсбук ќе напишат дека не преземаат одговорност за евентуални инциденти, нема да им ја намали законската одговорност за тоа што го прават. Редовна појава е, кога тие организираат протести, да има претепани припадници на другите етнички заедници или медиумски работници.
ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро го осудува ултранационалистичкиот карактер на јавните настапи и на социјалните мрежи со кој се карактеризираат Тврдокорните и сличните на нив.
Ги повикуваме граѓанките и граѓаните да се воздржат од секакво насилство и говор на омраза.
Ги повикуваме организациите на граѓанското општество да ја поддржат нашата реакција против говорот на омразата и етничката омраза во земјата.
Бараме од институциите да преземат решителни мерки против сторителите на дела од омраза, како и против оние што шират или поттикнуваат говор на омраза.

уредник

Related Posts

Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

Коментарите се исклучени на Поплавени куќи во Црешево и Стајковци

Утре повисоки дневни температури

Коментарите се исклучени на Утре повисоки дневни температури

Create Account



Log In Your Account