Денеска е „Свети Антониј Велики“ – За многу години!

Денеска е „Свети Антониј Велики“ – За многу години!

Денеска е „Свети Антониј Велики“ – За многу години!

Коментарите се исклучени на Денеска е „Свети Антониј Велики“ – За многу години!
Share Button

Мисирец, роден околу 250 година во некое село Кома близу Хераклеја. По смртта на неговите благородни и богати родители си го подели наследството со својата малолетна сестра, ја згрижи кај некои роднини, својот дел им го раздаде на сиромасите, а самиот во дваесеттата година од животот се посвети на подвижнички живот, како што тежнееше од детството. Најпрво се подвизуваше во близина на своето село, но за да го избегне онеспокојувањето од луѓето, се оддалечи во пустина, на брегот на Црвеното Море, каде што како затворник помина дваесет години не дружејќи се со никого освен со Бога преку непрестајна молитва, богомислие и созерцание, поднесувајќи ги неискажливо трпеливо демонските искушенија. Неговата слава се пронесе по целиот свет и околу него се собраа многубројни ученици коишто ги поучуваше со пример и со слово на патот кон спасението.

За осумдесет и петте години од неговиот подвижнички живот само двапати отиде во Александрија, и тоа првиот пат да бара мачеништво во времето на гонењето на Црквата, а вториот на повик на Св. Атанасиј за да ја собори клеветата на Ариевците дека божем и тој ја прифатил Ариевата ерес. Се упокои во сто и петтата година од животот, а зад себе остави цела војска следбеници и ученици. Иако на беше наобразуван, им беше советник и учител на најучените луѓе на неговото време, каков што беше Св. Атанасиј Велики. Кога некои елински филозофи го искушуваа со книжевна мудрост, Антониј ги засрами со прашањето: „Што е постаро: разумот или книгата? И кое од тие двете е причина за другото?“

Засрамени филозофите се разотидоа, зашто видоа дека самите имаат книжевно памтење без разум, наспроти разумот што го има Антониј. Тој е човек кој го достигна совршенството коешто воопшто може да биде достигнато на земјата. Тој е воспитувач на воспитувачите и учител на учителите; цели осумдесет и пет години се преобразуваше себеси, па само така имаше сила да ги преобразува и другите.

Исполнет со многубројни години и добродетели, Свети Антониј се упокои во Господ во 335 година.

уредник

Related Posts

Мајката Божја на сон молела Београѓанец да ја врати иконата во Битола од каде што била украдена

Коментарите се исклучени на Мајката Божја на сон молела Београѓанец да ја врати иконата во Битола од каде што била украдена

Чудотворната икона на Мајката Божја, “ЦВЕТ КОЈ НЕ ОВЕНУВА”

Коментарите се исклучени на Чудотворната икона на Мајката Божја, “ЦВЕТ КОЈ НЕ ОВЕНУВА”

Река поцрвене во Русија, медиумите пишуваат „ова е катастрофа од библиски размери“

Коментарите се исклучени на Река поцрвене во Русија, медиумите пишуваат „ова е катастрофа од библиски размери“

Света Троица – Буковско

Коментарите се исклучени на Света Троица – Буковско

Архиерејска Вечерна со Чин на простување во соборниот храм Свети Димитриј во Битола

Коментарите се исклучени на Архиерејска Вечерна со Чин на простување во соборниот храм Свети Димитриј во Битола

Create Account



Log In Your Account