Утре се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Утре се празнува  Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Утре се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски

Коментарите се исклучени на Утре се празнува Свети Атанасиј Велики, архиепископ Алесандриски
Share Button

Православните Христијани утре на 31 јануар го празнуваат денот(празникот) посветен на Свети Атанасиј .

Роден во Александрија 296 година. Од детството наклонет кон духовниот призив. Беше ѓакон кај архиепископот Александар и го придружуваше својот архиепископ на Првиот Вселенски Собор во Никеја. На овој Собор многу се прослави со неговата ученост, благочестие и ревност за Православието. Многу придонесе за побивањето на Ариевата ерес и за утврдувањето на Православието. Го напиша Симболот на Верата кој на Соборот беше усвоен. По смртта на Александар, Св. Атанасиј беше избран за архиепископ Александриски.

Резултат со слика за Свети Атанасиј Велик

Во архиепископскиот чин остана над четириесет години, иако не беше цело време на архиепископскиот престол. Речиси сиот живот беше гонет од еретиците. Од царевите најмногу го гонеа: Констанциј, Јулијан и Валент; од епископите Евсевиј Никомидиски со уште мнозина други; а од еретиците Ариј и неговите следбеници. Беше принуден да се крие од гонителите дури и во бунар, во гроб, по приватни куќи, по пустини. На двапати бегаше во Рим. Дури пред смртта едно време проживеа мирно како добар пастир сред своето стадо, коешто вистински го љубеше.

Мал е бројот на светителите што се толку клеветени и толку злосторнички гонети како Св. Атанасиј. Но неговата голема душа најпосле излезе победоносна од сета таа долготрајна и страшна борба. За совет, утеха и морална потпора често одеше кај Свети Антониј, кого го почитуваше како свој духовен отец.

Човекот којшто ја формулираше најголемата вистина мораше и да пострада за таа вистина, додека Господ не го упокои во Своето Царство овој Свој верен раб, во 373 година.

Нека е за многу години празникот !

С.А

уредник

Related Posts

Утре се празнува: Сретение Господово

Коментарите се исклучени на Утре се празнува: Сретение Господово

За многу години Цветници-Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим

Коментарите се исклучени на За многу години Цветници-Влегување на Господ Исус Христос во Ерусалим

(Фотогалерија) Храм св 40 маченици на Битола, подигнат пред 150 години, се уште е чувар на градот!

Коментарите се исклучени на (Фотогалерија) Храм св 40 маченици на Битола, подигнат пред 150 години, се уште е чувар на градот!

Create Account



Log In Your Account