Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања

Коментарите се исклучени на Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања
Share Button

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата З.Р. (59), Б.М. (63), Е.С. (52), М.А. (55), З.Д. (46), М.С. (46), Д.П. (29), сите од Прилеп, И.Д. (32) од Скопје, и С.Т. (33) од Прилеп, заради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело “злоупотреба на службената положба и овластувања“, предвидено и казниво по чл. 353, став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Имено, во текот на 2012 година првопријавениот, во својство на директор на Ј.К.П. “Комуналец“ Прилеп, управувајќи службено моторно возило “Цитроен  Ц4“ предизвикал сообраќајна незгода на патниот превој Плетвар, која не ја пријавил во полиција. Непосредно по случувањето на незгодата, по сопствена иницијатива организирал подигање на хаварисаното возило од местото каде се случила  сообраќајната незгода. Подоцна, по сопствен избор, организирал и поправка на возилото кај правното лице ДООЕЛ „ Гумар Комерц“ , по што правно лица за поправка на возилото издало авансна фактура во износ од 250.000 денари адресирана до Ј.К. П „ Комуналец“ .

Првопријавениот иницирал барање до Управниот одбор на претпријатието за исплаќање на достасаната фактура од редовната сметка на Ј.К.П., а таквата иницијатива била ставена како една од точките на усвоениот Дневен ред на редовна седница на Управниот одбор која се одржала на 20.07.2012 година. На седницата присуствувал и првопријавениот каде дал образложение за сообраќајната незгода изјавувајќи дека на патниот превој Плетвар со службеното ПМВ, (без да нагласи на кој датум) кога се враќал од службен пат од Гевгелија удрил во оградните карпи на патот. Притоа, не дал на увид Налог за користење на службено возило или било каков документ со што може да се потврди дека тој ден бил на службено патување, а не објаснил ниту зошто сообраќајната незгода не ја пријавил во полиција. Од страна на претседателот (второпријавениот) и присутните членови на Управниот одбор останатите кривично пријавени со мнозинство гласови “за“ била донесена Одлука со која што бил одобрен износ од 250.000 денари по издадената авансна фактура од ДООЕЛ „ Гумар“ Прилеп за набавка на делови за хаварисаното моторно возило, а сумата на фактурата  да биде наплатена од редовната сметка на Ј.К.П.  „Комуналец“ Прилеп.

уредник

Related Posts

Синоќа во Преспа запален автомобилот на Хари Локвенец

Коментарите се исклучени на Синоќа во Преспа запален автомобилот на Хари Локвенец

Исчезна штитеничка од Домот „Ранка Милановиќ“ и 19-годишно момче од Волково

Коментарите се исклучени на Исчезна штитеничка од Домот „Ранка Милановиќ“ и 19-годишно момче од Волково

Во автомобил во Тетово избил пожар, внатре тригодишно дете

Коментарите се исклучени на Во автомобил во Тетово избил пожар, внатре тригодишно дете

(ФОТО) ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ НОВИНАР

Коментарите се исклучени на (ФОТО) ЗАПАЛЕН АВТОМОБИЛОТ НА ПОЗНАТИОТ МАКЕДОНСКИ НОВИНАР

Демонстрант приведен при вчерашниот протест пред Собранието

Коментарите се исклучени на Демонстрант приведен при вчерашниот протест пред Собранието

МВР: Во протестите повредени седум полицајци и приведени 25 лица

Коментарите се исклучени на МВР: Во протестите повредени седум полицајци и приведени 25 лица

Create Account



Log In Your Account