МВР потврдува: Дац возел под дејство на алкохол

Share Button

Според увидот што го направила сообраќајната полиција од вчерашната сообраќајна несреќа, директорот на МНТ, Драган Спасов – Дац, возел под дејство на алкохол, објави Макфакс.

-Тие потврдуваат дека лицето Д.С., кое со патничко возило „бмв“ со скопски регистарски таблички, удрило во пешакот Е.Ц, со возилото управувало под дејство на алкохол, пишува порталот.

Повредената девојка, која итно била префрлена во болница, каде што ѝ се констатирани полесни повреди, е пратена на домашно лекување.

Рано утрово на социјалните мрежи се огласи и Дац.

Без да изнесе повеќе детали за квалификациите кои беа објавени во медиумите тој само напиша „До каде ќе иде злобата…“, но од непознати причини моментално објавата не е достапна или избришана.

Коментарите се поделени. Дел од пријателите коментираат и прашуваат дали возење под дејство на алкохол не е злоба, а дел застануваат во одбрана на Дац.